Сите правила кои ги одредува кралицата во кралското семејство, важат и за Божиќ.
Сите членови мора да се однесуваат по протоколот и да се појават на ручекот кој е специјално организиран пред празникот. Познато е дека сите мора да застанат на вага пред и после божиќната прослава, но тоа не е сè од чудните обичаи.
Имено, кралицата Елизабета Втора, секоја година во Бекингамската палата организира предбожиќен ручек, кој и оваа година ги споил сите членови на семејството, дури и наводно скараните браќа.
Главната ѕвезда оваа година била трудницата Меган Маркл. Тоа што ги очекува за Божиќ, а секако тоа е и најинтересниот дел се всушност подароците.
Членовите на семејството доаѓаат на прославата со посебен вагон, а подароците не се отвораат на божиќното утро.
Кралицата има посебни правила дури и за тоа. Тие се отвораат на Бадниковата вечера и тоа точно шест часа после пладне и некако не смеат да бидат обични. Имено, правилото е подароците да бидат што е можно поевтини и по луди.
Па така, принцот Хари за минатиот Божиќ на кралицата ѝ подарил капа со натпис „Животот е кучка, нели?“, додека Кејт Мидлтон на Хари ѝ подарил „прибор за освојување девојки“, но тоа било во периодот кога уште не ја познавал Меган.
Ќе видиме оваа година колку ќе бидат креативни членовите на кралското семејство.