Одамна е познато дека скринингот и раното откривање на ракот може да бидат клучни кога станува збор за лекување на оваа опасна болест. Дополнително, мислењето на лекарот кога ќе се појават симптомите е многу важно кај секоја болест, особено кога се во прашање децата. Мајка на 16-месечно бебе открила колку е важно да се почитуваат тие правила, но и да се слуша мајчиниот инстинкт.
Стејси Харт од Лондон и нејзиниот партнер Бен Мартин неодамна се соочија со најтешкиот период во животот откако забележаа чудна боја во урината на нивниот 16-месечен син Џексон.
– Освен што пелената му била натопена во урина која била во боја на Кока Кола, Џексон имал силна кашлица, а понекогаш можело да се слушне и отежнато дишење во белите дробови. Шефот ме убедуваше да го однесам во итната медицинска помош за да можат лекарите да му ги слушаат белите дробови и да му направат анализа на урината – објаснува Стејси денот кој ќе го памети до крајот на животот.
По долго чекање малечкото да уринира, за да испратат примерок од урина на анализа, на мајката и таткото им ја кажале најлошата вест.
– Лекарите најпрво ни кажаа дека има тумор на бубрег, а подоцна се утврди дека има нефробластом, кој е најчест малигнен тумор кој се јавува кај деца до пет години. Не ни знаев што е тоа, но за среќа неговото тело нè предупреди – вели Стејси и објаснува дека туморот на Џексон бил поголем од неговиот бубрег.
Во текот на првата недела лекарите првенствено мислеле дека туморот метастазирал во белите дробови, но деталните прегледи со магнетна резонанца ги убедиле во спротивното. Во следните три месеци, малиот Џексон мораше да помине низ пет циклуси на хемотерапија, а еден од бубрегот му беше отстранет по еден месец. Дури по таа операција лекарите успеале да утврдат дека туморот е во прва фаза и дека е навреме откриен.
– Фала му на Бога што навреме го откривме и лимфните жлезди се чисти, бидејќи за нас, земајќи ја предвид целата ситуација, ова е најдобриот можен исход – вели Стејси.
Туморот на бебето бил откриен во октомври минатата година, а два дена пред Божиќ, малиот целосно закрепнал и бил пуштен од болница.
– Тој е нашето божиќно чудо. Ги добивме најдобрите вести на светот и конечно можеме да здивнеме, иако знам дека грижата за сето она што му се случи никогаш нема целосно да исчезне – искрена е Стејси.
Вилмсов тумор и симптоми
Вилмсовиот тумор е рак кој произлегува од специјализирани клетки во ембрионот, познат како метанефрична бластема. Овие клетки се вклучени во развојот на бубрезите на бебето во утробата, но тие обично исчезнуваат по раѓањето. Меѓутоа, кај децата кои развиваат Вилмсов тумор, групите на примитивни бубрежни клетки сè уште се присутни по раѓањето на бебето.
Отечен стомак (обично безболен)
Абдоминален раст
Крв во урината
Висока температура (придружена со треска)
Диареја
Губење на тежина
Недостаток на апетит
Пронајдете не на следниве мрежи: