Боки 13 го рекетирал Орце Камчев за 1.5 милион евра за, меѓу другото, да ѝ ги врати парите што ѝ ги должел на својата, многу блиска пријателка Јелена Карлеуша, открива српски “Курир“. Според “Курир“, кој се повикува на свој неименуван “извор“, Боки 13 во повеќе наврати позајмувал поголеми суми пари од Карлеуша, а кога кариерата му тргнала низбрдо и западнал во финансиски проблеми, се здружил со премиерот Зоран Заев и неговиот советник Зоран Башановиќ, како и специјалната јавна обвинителка, за да го рекетираат Камчев. Тој, исто така бил близок и со мајката на Јелена – Дивна Карлеуша. Како аргумент за ова тврдење, весникот го наведува Фејсбук статусот на Боки 13 во кој за последен пат се збогува со покojната мајка на Карлеуша. Таа, како што тврди самиот, му плаќала ручеци во луксузни ресторани и го прифатила тогаш кога никој не сакал.
– Карлеуша и Боки 13 се познаваат со години, а беше близок и со нејзината мајка Дивна, од која често позајмуваше пари. Кога западна во долгови и кога естрадната кариера му тргна по надолна линија, реши на лесен но валкан начин да дојде до големо богатство. Тоа би му ги решило сите проблеми, барем така мислеше. Така би и ги вратил на Карлеуша парите кои и ги должи, ќе го покриеше минусот кој го има во банка, Преостанатите пари би ги искористил за бизнис кој би му донел пари, а половината би требало да ги подели на сите останати кои се вмешани во случајот “Рекет“, вели изворот за “Курир“.
Воден од таа идеја почна да преговара со Камчев. Почетната сума за која го рекетирал е 8 милиони евра, за на крајот да добие 1,5 милиони во кеш, спаковани во торба “Луј Витон“. Снимката на која Боки ги зема парите и ги изнесува од куќата на богаташот ја објави италијанскиот весник “Ла Верита“, а е направена на 20 февруари. Веќе на 4 март Камчев е ослободен, а Боки 13 е уапсен на граничниот премин Богородица, и веќе еден месец е во скопскиот затвор.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.