Некои болести со кои често се среќаваме нема потреба да ги лекуваме со лекови, едноставно е потребно само малку знаење во комбинирањето на храната и болеста за кратко време ќе исчезне. Еве за што станува збор.
Висока температура – овошен јогурт
Покачена темперетура – Вашиот организам се подготвува за борба против инфекција. Помогнете му, правилно! Одлично решение за ова е овошниот јогурт кој го забрзува метаболизмот, ја обновува енергијата и ја намалува температурата. Секогаш кога ќе забележите покачена температура, помогнете му на Вашето тело со вкусен овошен јогурт.
Габична инфекција – јогурт
Ова е делумно лек, делумно превентива. Луѓето кои редовно користат јогурт имаат за 75 % помал ризик од габични инфекции. Доколку веќе патите од некоја габична инфекција, користете редовно јогурт. Тој со своите “добри” бактерии секогаш ќе ви биде од корист.
Инфекција на мочен меур – сок од брусница
Само две чаши дневно сок од брусница ќе го спречат размножувањето на бактериите во мочниот меур, особено на бактеријата ешерихија коли која е најчест причинител на инфекција на мочниот меур.
ПМС – сирење
Сирењето е продукт кој изобилува со калциум. Според истражувањата кои ги направиле истражувачите, храната богата со калциум е одличен ублажувач на симптомите на пред-менструалниот циклус.
Настинка – супа
Да, ова е многу познат лек кој едноставно делува. Одлична е за белодробни воспаленија, рехидрација при темперетура, ринитис и сите симптоми на настинка.Некои болести со кои често се среќаваме нема потреба да ги лекуваме со лекови, едноставно е потребно само малку знаење