Боливија национализираше уште една шпанска компанија

Претседателот на Боливија Ево Моралес национализираше уште еден шпански конголемрат кој што раководи со трите боливиски, што е трета шпанска компанија која боливиската влада ја национализираше во последните 10 месеци.

Ваквиот чекор предизвика гневна реакција од шпанското министерство за надворешни работи кое соопшти дека е „многу разочарано поради тоа бидејќи немало предупредување, како и поради полициската окупација на канцелариите“.Министерството за надворешни работи на Шпанија најави дека ќе ги загледа целокупните односи со Боливија по овој непријателски чин и други слични мерки, кои левичарската влада на Моралес неодамна ги презеде против шпански компании.Компанијата SABSA управува со аеродромите во Ла Пас, Санта Крус и Коќабамби. Станува збор за  конгломерат на две компании „Abertis Infrastrukturas SA” од Барселона и шпанската агенција за аеродроми „AENA”.Моралес, кој доби поддршка од вработените на компанијата, рече дека компанијата не ги вложила ветените инвестиции. Аеродромите беа приватизирани во 1996 година, а договорот важеше до 2025 година.
Макфакс
Претседателот на Боливија Ево Моралес национализираше уште еден шпански конголемрат кој што ра

Пронајдете не на следниве мрежи: