Пред точно шест години, една од најубавите жени во Италија – манекенката Џесика Нотаро едвај преживеала напад од нејзиниот поранешен партнер.
Имено, сето тоа се случило во 2017 година кога Едсон, поранешниот партнер на италијанската манекенка, ја полил со киселина на лицето. По нападот, Џесика Нотаро едвај преживеала. Лицето ѝ било деформирано, а го изгубила и видот на едното око.
Таа за првпат ги покажа своите рани во шоуто на Маурици Констанц, кога погледна во камерата и рече:
„Сакам да видите што ми направи. Ова не е љубов“.
Како што раскажа, додека верувала дека ќе умре, го молела Бога да ѝ ги спаси животот и очите.
„Почнав да се молам – ако преживеам, земи ја мојата убавина, те молам не ми ги земај очите. Што ќе правам без моите очи?“, вели Џесика.
Таварез првостепено беше осуден на 18 години затвор, а по жалбата, казната му беше намалена на 15 години зад решетки. Џесика Нотаро подоцна имала неколку операции за реконструкција на лицето, но целосно го изгубила видот на левото око.
По нејзиното трауматично искуство, Џесика Нотаро стана активистка што се бори против родовото насилство. Таа често гостува во телевизиски емисии низ Италија и Европа за да ја подигне свеста за овој проблем. Џесика и покрај тешките години кои ги преживеала, успеа да продолжи понатаму и денес храбро позира пред камерите.