Продавниците за секс играчки и помагала ширум светот бележат голем раст на продажбата на секс-играчки, која е скоро двојно поголема од овој период минатата година, пишува „Мирор“.
Но, оние што не можат да си ги дозволат ваквите помагала, кои можат да чинат и мало богатство, се одлучуваат за самостојна изработка на секс-помагала.
Сајтот за он-лајн шопинг „ОнБај“ спроведе истражување кое покажа дека последниот месец во Велика Британија над 23.000 пати на „Гугл“ било пребарувано како сам да изработиш секс-исграчки. Очигледно, илјадници луѓе го прашуваат „Гугл“ како да направат свои вибратори и лубриканти за време на изолацијата.
Тим на EliteSocienceLondon.co.uk се обиде да обезбеди одговори на овие прашања, осмислувајќи низа предмети што луѓето би можеле да ги користат за нивните секс игри. Нивните предлози вклучуваат мобилни апликации за контрола на вибрации, електрични четки за заби, па дури и краставици и банани.
Но, лекарите апелираат во никој случај да не се користат вакви предмети како секс играчки.
Д-р Шри Дата, советник гинеколог во MyHealthcareClinic ги објасни ризиците што можат да произлезат од ова – особено за жените.
Ми испратија некакво истражување дека луѓето си прават секс-играчки дома за време на изолацијата. Никако не го препорачувам ова поради многу ризици од инфекција и компликации, предупредува таа, додавајќи дека многу луѓе завршиле во болница за да им ги извадат остатоците од пластика од интимните делови и да добијат антибиотска терапија поради инфекции.