Бомбици со кокос

Потребни состојки:
100 г чоколадо
50 г маскарпоне
50 г путер
80 г кокос
80 г бисквити
Начин на подготовка:
Растопете чоколадо, путер и маскарпоне и додајте бисквити и кокос, по вкус малку цимет и ванилин шеќер и повторно измешајте.
Веднаш направете бомбици кои ќе ги извалкате во кокос. Оставете ги во фрижидер. Ако сакате, може да ги извалкате во бисквити. Може да додадете лешници или мелени ореви.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.