Стабилност и мир во регионот може да се постигнат само со нормализирање на односите меѓу Косово и Србија, изјави шефот на европската дипломатија Жозеп Борел.
Борел денеска на маргините на Минхенската безбедносна конференција одвоено разговараше со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со премиерот на Косово, Албин Курти.
Одржлива стабилност и мир во регионот може да се постигнат само со нормализација на односите меѓу Косово и Србија. Патот до тоа е преку дијалогот што го води ЕУ“, напиша Борел на социјалната мрежа „Х“.