Борнмаут победи по заостанувањето од три гола



Борнмаут направи редок пресврт во англиската Премиер лига, поништувајќи ја негативата од три гола на полувремето пред своите навивачи за да победи со 4:3 над Лутон Таун во повторениот натпревар од 17-то коло.

Гостите водеа со 3:0 по првото полувреме на „Виталити“ стадионот, а головите ги постигнаа Тахит Чонг (9), Киедози Огбене (31) и Рос Баркли (45+1). Сепак, од 50. минута од мечот следуваше голем пресврт, трет од ваков вид во историјата на Премиер лигата, а стрелци беа Доминик Соланке (50), Иља Забарњи (62) и двојниот стрелец Антоан Семењо (64, 83).

Борнмаут со деветтата лигашка победа стигна до 35 бода, но остана на 13-то место, додека Лутон Таун го претрпе петтиот пораз во последните шест натпревари и со 21 бод е на 18-та позиција и во зоната за испаѓање, со три бода помалку од Нотингем Форест кој е на 17-та позиција.

Овој натпревар првично беше закажан за 16-ти декември, но беше прекинат по нешто повеќе од еден час бидејќи гостинскиот капитен Том Локиер падна на теренот, а подоцна беше потврдено дека доживеал срцев удар. На паузата резултатот беше 1:1. Одлучено беше дуелот целосно да биде преигран.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: