Борозан ептен го пецна ривалот: Вардар има повеќе титули во ЛШ, отколку Пелистер победи во две сезони

„Сè е исто, ништо не е сменето. Вардар секогаш бил дома, еднаш вардарец – засекогаш вардарец!

Многу сум среќен што повторно сум тука. Ова е сосема нова екипа, ја водат мои двајца поранешни соиграчи. Се трудиме да држиме ниво и да бидеме конкуренти за титула, да ја освоиме и конечно Македонија пак да има вистински претставник во Лигата на шампионите.

Во ракометот некогаш даваш десет, некогаш еден гол, тоа зависи од ситуацијата на теренот. Можеш да дадеш десет гола, а да загубиш. Повеќе сакам вака скромно, ама да заврши со победа. Се подготвува стариот Вуко да се врати. Ова ми е прв меч по четири месеци, задоволен сум и се надевам ќе биде сè подобро и подобро“, започна Црногорецот.

Бомбардерот од Цетиње се осврна и на дерби дуелите со Еурофарм Пелистер, кои во неговото време не беа на вакво ниво. Тој не ја испушти шансата да го „пецне“ ривалот за лошите европски резултати.

„Не знам како да се изразам, а да не погрешам. Ова е навистина тешко дерби. Не би бил ниту скромен, ниту би сакал да прозивам некој. Но, Вардар има повеќе титули во ЛШ, отколку Пелистер победи во последните две сезони“, заврши Борозан.

Пронајдете не на следниве мрежи: