Бојан Јовановски – Боки 13 побара повторување на кривичната постапка за „Рекет“



Бојан Јовановски – Боки 13, денеска поднесе барање за повторување на кривична постапка во врска со случајот „Рекет“ во кој тој беше осуден на единствена казна затвор од деет години за примање награда за противзаконито влијание и пеерење пари и други приноси од кривично дело.

Според Јовановски, со оваа судска пресуда не се утврдила материјалната вистина за овој кривично правен настан, туку, пресудата послужила само како инструмент за политичко препукување и придобивање на политички поени на штета на осудените лица.

На денешната прес-конференција пред Кривичен, Јовановски сподели дека барањето произлегува од ново прибавените докази кои се однесуваат на новите елементи кои треба да се утврдат во економското вештачење кое го приложил Јордан Камчев пред Основниот граѓански суд.

Тој укажа на спротивни искази дадени од Јордан Камчев, од неговата мајка бизнисменот, Ратка Куновска-Камчева, како и благајничката Мирјана Бошковска во Основен кривичен суд и Граѓански суд.

– Денеска доставивме барање при кое што треба да се утврдат нови елементи со економско вештачење кое што го приложи самиот Јордан Камчев пред Основниот граѓански суд во смисла на тоа дека самото економско вештачење не кореспондира со наводите, односно образложението на пресудата за „Рекет“ од Основниот кривичен суд во целосна противречност и спротивни искази дадени и од страна на Јордан Камчев и од страна на Ратка Куновска Камчева и Мирјана Бошковска, рече Јовановски.

Тој очекува дека Основниот кривичен суд даги прифати наводите, да ја повтори постапката и притоа да утврди каде завршиле парите.

– Положувам во овој момент верба во Основниот кривичен суд дека ова барање со сите докази кое е приложено дека ќе биде усвоено и ќе ми биде дадена шанса да во судница, да во една фер постапка, не извитоперена во смисла на хистерична, брза, со нееднаквост на орудијата спротивно на закон дека ќе можеме да ја утврдиме материјалната вистина, фактичката состојба и на крајот на краиштата да докажеме она што навистински се случувало во тој најголем фамозен случај „Рекет“, поради тоа што не се работи тука за моето лично добро, туку се работи за општото добро, особено што за првпат на овој начин можам да кажам дека за случајот „Рекет“ и позади случајот „Рекет“ апсолутно стоеше една цела политичка констелација на притисоци, политичка констелација на една цела состојба која подоцна се преточи во кривичен правен настан „Рекет“, дополни Јовановски.

На новинарско прашање во врска со неговите тврдењата дека се спрема негова ликвидација од личности кои имаат реална политичка моќ, тој одговори дека бил, како што рече „проактивен“ од затворот Идризово.

– Во однос на моите писмени соопштенија сите наводи коишто сум ги напишал јавно стојам позади нив и ден денеска. Формално правно и институционално е тоа пријавено во Основното скопско обвинителство пред надлежен јавен обвинител тогаш делегиран од Љубомир Јовевски. За жал, до ден денеска никаква јавно обвинителска одлука, рече тој.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: