Бразилецот Миранда ја заврши кариерата

Бразилскиот репрезентативец Жоао Миранда објави дека донел одлука да стави крај на својата фудбалска кариера.

Последниот договор 38-годишниот дефанзивец го имаше со бразилскиот прволигаш Сао Паоло во сезоната 2021/22.

„Дојде моментот. Посебна благодарност до сите кои навиваа за мене и ме поддржуваа. Му благодарам многу на фудбалот“, напиша Миранда на Твитер.

Миранда во кариерата настапуваше за Коритиба, Сошо, Сао Паоло, Атлетико Мадрид, Интер и Џангсу.

За репрезентацијата на Бразил одигра 58 натпревари и постигна три голови.

Пронајдете не на следниве мрежи: