Клеидијана Сантос дос Сантос го родила синот Ангерсон на 18 јануари со царски рез. Таа била хоспитализирана во болницата Падре Коломбо на рутински консултации, но лекарите потоа сфатиле дека бебето е преголемо за мајката да го носи до полниот термин, па ја породиле со царски рез.
Ангерсон е во инкубатор и со тежина од 7,3 килограми и должина од 59 сантиметри и се верува дека е најголемото бебе родено во Амазон, една од 26-те сојузни држави во Бразил.
И мајката и детето се во добра здравствена состојба, пишува Дејли Мејл.
Во Бразил рекордот за најголемо бебе го држи Адемилтон дос Сантос, кој е роден со царски рез во 2005 година. Тој тежел 8 килограми. Најголемото бебе некогаш родено е Ана Бејтс. Девојче тешко 10,2 килограми е родено во 1955 година во Италија.