Заради сомневање за препродажба на 31 тон расипано месо и месни преработки од Бразил српската полиција уапси седум луѓе, јави Танјуг. Лицата се осомничени за кривични дела здружување заради вршење кривично дело како и злоупотреба на службена должност.
Во периодот од јуни до август годинава осомничените набавиле околу 31 тон месо и месни преработки од Бразил на кои им бил поминат рокот за употреба. Полицијата се сомнева дека расипаното месо го препродале на разни фирми кои се занимаваат со преработка на месо.