Брауни со малини

Потребни состојки:
130 г брашно
100 г шеќер
20 г какао во прав
100 г путер
160 г темно чоколадо
2 јајца
1 ванилин шеќер
1 мала лажичка прашок за печиво
200 г малини
Начин на подготовка:
Подгответе ги сите состојки. Исечкајте го чоколадото на мали парчиња и растопете го заедно со путер, шеќер и млеко.
Оставете да се излади за да биде млако. Подгответе калап обложен со хартија за печење. Во чоколадната смеса додајте јајца и промешајте со жица.
Додајте ги сите останати состојки и повторно измешајте за да се соединат убаво. Вклучете ја рерната на 180 степени. Ставете ја чоколадната смеса во калап, израмнете со лажица, наредете малини и печете 25 до 30 минути.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.