Брегзит одложен до 31 октомври годинава

Како што изјави претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск британската премиерка Тереза Меј и 27-те европски лидери се договориле да го одложат Брегзит до 31 октомври. На неформалниот самит на лидерите на ЕУ во Брисел минатата ноќ беше одлучено за ново одложување за излез на Велика Британија од членството во Унијата.
– Ова значи уште шест месеци за Велика Британија да го пронајде најдоброто можно решение, изјави Туск.
По состанокот, премиерката Меј изјави дека Велика Британија и натаму ќе може да ја напушти Европската унија на 22-ри мај, и покрај крајниот рок за Брегзит.
По вонредниот самит на лидерите на ЕУ на кој е одлучено за ново одложување на напуштање на Велика Британија на членството во ЕУ, на конференцијата за новинари во Брисел, Меј изјави – Ако сега успееме да постигнеме договор, сé уште можеме да излеземе на 22-ри мај.
Договорот треба да биде прифатен од британските пратеници кои до сега го отфрлаа, како и сите алтернативи кои им беа предложени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.