Бред Пит: Снимањето на овој хорор филм влијаеше на мојата психа

Актерот Бред Пит во својата кариера отелотвори многу сложени ликови, но за улогата во еден филм истакна дека тоа влијаело на неговото ментално здравје. И не толку самиот лик, туку целиот процес на снимање.

Универзитетот за туризам и менаџмент ја “избриша” Цвета Ристовска (член на ДКСК) од наставен кадар откако Телма ја праша Антикорупциска за нејзин можен судир на интерес
Вечерва Универзитетот за туризам и менаџмент ја отстрани сликата на Цвета Ристовска од списокот на наставниот кадар на кој Ристовска се наоѓаше повеќе од десет месеци по нејзиниот избор за …
Кортни Кардашијан ги надмина сите, па дури и нејзината сестра Ким: Нов божиќен хит со Дедо Мраз (фото)
Кортни Кардашијан и нејзиниот сопруг Тревис Баркер го прославија Божиќ на интимен и романтичен начин, додека познатата инфлуенсерка изгледаше како вистински Дедо Мраз. За време на оваа посебна вечер, парот сподели среќни …

Според Far Out Magazine, снимањето на ,,Интервју со вампирот” во 1994 година лошо влијаело на Бред Пит. Овој филм е базиран на истоимениот роман на Ен Рајс, а Бред Пит ја играше главната улога покрај Том Круз. Актерот како најголем проблем на овој филм го истакна макотрпниот процес на снимање.

,,Беше тешко да се снима ,,Интервју со вампирот”. Го завршив снимањето на ,,Легенда” на есента и веднаш го започнав овој проект. Прво, сè се одвиваше во мрак. Го снимавме филмот три месеци во Њу Орлеанс, во тотален мрак, снимавме во текот на ноќта. Има почетната сцена во филмот кој е снимен на дневна светлина, но тоа е тоа. Целиот филм е во мрак. Сето ова почна многу да влијае на мојата психа“, изјави тој во интервјуто, пренесува Far Out Magazine.

Пронајдете не на следниве мрежи: