Бремената српска пејачка позитивна на коронавирус- од овие детали нејзиното познато семејство во паника

Пејачката Илда Шаулиќ која е ќерка на покојниот фолк пејач Шабан Шаулиќ има корона вирус, пренесуваат српските медиуми.
Пејачката покрај позитивниот тест загрижена е и поради фактот што е бремена по втор пат, а поради тоа семејството е во паника како ли ќе се надмине сето тоа во следниот тежок период за пејачката.


-Драги мои имам две вести да споделам со вас, едната е најубава на целиот свет, другата не толку. Првата е дека нашето семејство ќе се прошири со уште еден член, па поради тоа направив и тест за коронавирус. Резултатот од тестот е позитивен, вели пејачката.
Таа додава дека нема ниту еден симптом и дека добро се чувствува, но дека мора да внимава поради тоа што е бремена.
Според српските медиуми таа е во третиот месец од бременоста и се чувствува добро.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.