Сезонско, фино и – малку поинакво. Старата добра пита во овој рецепт ја задржа својата форма, но состојките и филот не се толку вообичаени за оваа класика на балканската кујна. Всушност, никој што ги растегнува корите за пита не би го нарекол ова јадење пита, но навистина не ни е грижа како се викаат работите – се додека тие имаат толку добар вкус.
Брзата пита со тиквички и сирење без кори е одличен одговор за жестоките денови и вечери и метежот и вревата во работната недела. Можете да го послужите како предјадење, прилог или главно јадење, но и да го вклопите во вашите летни цели.
Состојки:
2 мали тиквички, рендани
300 гр рикота сирење
100 гр посно сирење
1 чаша брашно
2 јајца
2 чешниња лук, сецкани
1 црвен кромид, сецкан
2 супени лажици маслиново масло
1 лажичка прашок за пециво
црн пипер
сол
2 лажици магдонос, свежо сечкан
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени.
Откако ќе ги изрендате тиквичките, оставете ги да отстојат околу 15 минути за да се ослободи вишокот вода.
На загреано маслиново масло пропржете го кромидот и лукот неколку минути.
Измешајте ги сите состојки во сад.
Садот за печење премачкајте го со масло или обложете го со хартија за печење и во него рамномерно распоредете ја смесата.
Печете околу 30-40 минути и проверете со чепкалка дали е готово.