Брзи трикови за подобрување на здравјето

Постојат одредени проблеми кои не се сериозна закана за нашето здравје, но ни создаваат непријатности – изгореници, исеченици, лош здив… За среќа, овие мали проблеми лесно можете да ги елиминирате со помош на ефективни трикови. Еве неколку од нив:
Медот е ефективен лек против мамурлак
Мед против мамурлак. Постојат многу ефективни природни начини да се преборите со симптомите на мамурлак. Премачкајте парче леб или неколку крекери со мед и изедете ги. Фруктозата му помага на телото да го забрза процесирањето на алкохолот, а медот има голема концентрација на шеќер. Освен медот, фруктоза содржат и црешите, грозјето и доматите.

Оцет за исеченици и убоди од инсекти. Кога ќе се пресечете, измијте ја раната со вода (ако сте сечеле месо, искористете и сапун). Потоа ставете малку оцет и притиснете ја. Крварењето ќе сопре, а оцетот ќе ја спречи и појавата на инфекции. Употребете оцет и при убод од инсект.
Ладна вода на рацете против потење. Откако ќе завршите со вежбањето, на мозокот му е потребно подолго време да сфати дека сте прекинале со физичката активност и најверојатно вие ќе продолжите да потите интензивно во наредниот половина час. За да го спречите тоа, потопете ги дланките и зглобовите во ладна вода. Чувајте ги десетина секунди под водата, потоа извадете ги надвор, па повторно ставете ги под вода.
Зелен чај против лош здив. Пиењето на зелен чај е ефективен начин да го елиминирате лошиот здив. Пред да го голтнете, шмукајте го во устата. Тој ем ги убива бактериите, ем ги неутрализира супстанциите кои предизвикуваат појава на непријатна миризба.


Еспресо против мигрена. Луѓето кои страдаат од мигрена знаат дека постојат некои симптоми кои им даваат знак дека настапува мигрената (потреба од чоколадо, прекумерно проѕевање или уринирање). Во тој период (пред мигрената да се појави со цела сила) можете да си помогнете со пиење на еспресо. Идејата е да го зголемите потокот на крв кон мозокот. Затоа, напијте се една чаша еспресо, една голема чаша вода и вежбајте 20-30 минути.


Sensodyne за чувствителни заби. Ако имате чувствителни заби, мијте се со нежни кружни движења на четката. Откако ќе ги измиете забите навечер, земете на прстот малку паста Sensodyne и нанесете ја врз забите. Оставете ја премачканата паста да делува на забите во текот на ноќта.
Топли облоги за суви очи. Ако очите ви се суви и ви е тешко да ги држите отворени, затворете ги и врз нив поставете топла облога. Држете ја облогата врз очите 5-10 минути и повторете ја постапката неколку пати во денот.
Млеко за мали изгореници. Ако имате мала изгореница, потопете ја 15 минути во млеко или пак врз неа ставете крпа која претходно сте ја потопиле во млеко. Млекото ќе ја намали болката, а и ќе го забрза процесот на лекување. По употребата на млекото, измијте го местото со ладна вода.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.