Брижит Макрон го покажа своето совршено тело во костим за капење. Иако веќе е во осмата деценија од животот, многу помлади девојки можат да и позавидат на нејзината витка линија.Францускиот претседател Емануел Макрон (46) и неговата сопруга Брижит (71) откако влегоа на „сцената“ не престануваат да ја интригираат јавноста поради огромната разлика во годините.
Сега сосема случајно се случи нешто што многумина можеа само да сонуваат дека некогаш ќе се случи – Брижит е видена во костим за капење! Емануел неодамна купил помал чамец за кој потрошил 335.000 евра, а папараците побрзале да ги фотографираат, а имале што да видат.
Францускиот претседател и Емануел и Бриџит се фотографирани како уживаат на бродот, а таа била во жолт костим за капење каде јасно се гледале нејзините облини.
Брижит Макрон е фотографирана како ужива на брод во син едноделен костим за капење, а познато е дека овој модел и боја се многу популарни оваа сезона.Иако има 71 година, Брижит изгледа навистина феноменално, а доказ за тоа се нејзините извајани нозе и витката линија која ја одржувала низ годините.
Таа носи костим за капење и сина кошула, а капата и очилата за сонце одлично се вклопуваат во овој летен стајлинг.Секако, тука е и претседателот Емануел кој исто така изгледа одлично на 46 години.
Откако стана најмладиот претседател на Франција по Наполеон во 2017 година, Емануел Макрон е во јавноста поради бракот со Брижит Макрон, 24 години постара од него. Тоа шокираше многумина, особено откако дозна дека сè започна уште во училишните денови на Макрон, кога неговата сегашна сопруга беше учителка.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.