Брисел: Орбан блокира 50 милијарди евра, што ЕУ ги планира за помош за Украина

„Резиме на вечерашната средба: вето за дополнителни пари на Украина“, напиша синоќа унгарскиот премиер Виктор Орбан на мрежата Х, по состанокот на Европскиот совет во Брисел.

„Ќе се вратиме на тоа прашање следната година по соодветна подготовка“, додаде Орбан.

Силен земјотрес утринава ги стресе скопјани
Земјотрес со јачина до 3.8 степени според европската сеизмичка скала рано изутринава во 02.02 часот го погоди Скопје. Според Европската сеизмичка опсерваторија, земјотресот бил со епицентар во близина на нас.Илинден на длабочина од …
Серија земјотреси го погодија денеска грчкиот полуостров Халкидики – најсилниот беше 4,2 степени според Рихтеровата скала
Серија земјотреси денеска го погодија полуостровот Халкидики во Грција, од кои најсилниот беше 4,2 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на тој земјотрес бил на 19 километри од Неа Рода, покажуваат податоците на веб-страницата …

Холандскиот премиер Марк Руте изјави дека има уште време и дека Украина нема да остане без пари во следните неколку недели, пренесува Би-би-си.

Тој изрази надеж дека договорот за помош на Украина ќе биде постигнат на почетокот на следната година, односно на крајот на јануари.

Европскиот совет вчера донесе одлука за почеток на пристапните преговори со Украина и Молдавија, а на Грузија да ѝ се додели статус на кандидат за членство во ЕУ.

Орбан претходно изјави дека Украина не ги исполнува условите за членство и дека Унгарија не може да се согласи со таа одлука, но за да дозволи да се донесе таа одлука, тој ја напушти просторијата за време на одлуката и не учествуваше во нејзиното донесување.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.