Британско парламентарно тело: Ако има војна, ќе мора да се борат и цивили – војската е премала

Цивилите од Велика Британија мора да бидат подготвени да се борат бидејќи британската војска е премала, предупреди Комитетот од Домот на лордовите, горниот дом на Британскиот парламент, пренесе „Телеграф“.

Вооружените сили „немаат масовност, издржливост и внатрешна кохерентност неопходни за одржување на одвраќачки ефект и ефективно да одговорат на долготрајните и војни со висок интензитет“, се вели во последниот извештај на парламентарниот Комитет за меѓународни односи и одбрана.

Во извештајот се вели дека сите докази што ги слушнале „укажуваат на тоа дека моменталната големина на британската армија е несоодветна“ и се доведува во прашање „дали британската армија е подготвена да одговори на растечката закана што ја претставува Русија за европската безбедност“.

Се повикува земјата да усвои „мајндсет на нација под вистинска закана“.

Тоа доаѓа откако „Телеграф“ на почетокот на оваа година откри дека генералот Сер Патрик Сандерс, поранешниот шеф на армијата, ќе предупреди дека британската јавност ќе биде повикана да се бори во случај на војна, бидејќи војската е премала.

За време на претходната конзервативна влада, бројот на војници беше намален до најмалиот обем од ерата на Наполеон – 72.500 активни војници.

Пронајдете не на следниве мрежи: