Според новите податоци на интернет страницата Worldometers, бројот на лица кои досега починале како последица од Ковид-19 во светот надмина 900.000.
Од вкупно 27.743.743 милиони луѓе со потврден коронавирусот, досега починале 901.936 пациенти. Бројот, пак, на оздравени пациенти од почетокот на пандемијата е 19.834.769 лица.
На прво место во светот според бројот на заразени лица се САД со потврдени 6.514.376 милиони лица, а земјата има и најмногу смртни случаи (194.037) како последица од Ковид-19.
Втора на листата е Индија со регистрирани 4.370.128 милиони случаи, додека трет е Бразил каде коронавирусот досега е потврден кај 4.165.124 милиони лица.
Бразилците, пак се втори според бројот на смртни случаи (127.517), а трети во категоријата се Индијците со 73.923 починати пациенти.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.