БРОЈОТ НА ЖРТВИ СЕ ЗГОЛЕМИ НА 126 – Постои опасност од нови земјотреси, затрупани патишта, невозможна испорака на помош

Бројот на загинати во силниот земјотрес што го погоди полуостровот Ното и околните области во централна Јапонија на Нова година се искачи на 126, а последователните потреси се закануваат да затрупаат повеќе домови и да ги блокираат патиштата клучни за испорака на помош.Меѓу жртвите е и петгодишно момче кое се опоравувало од повредите откако било потопено со врела вода за време на земјотресот, објави АП.

Неговата состојба брзо се влошила и тој починал во петокот, рекоа властите во префектурата Ишикава, најтешко погодениот регион. Повеќе од 200 луѓе се уште се водат како исчезнати.Единаесет лица останаа заробени под две куќи кои се урнаа во Анамиза.

Повеќе од 500 луѓе се повредени, од кои најмалку 27 потешко. Официјалните лица предупредија дека патиштата, веќе испукани од десетиците земјотреси кои продолжуваат да ја потресуваат областа, може целосно да се урнат.

Тој ризик се зголемува со врнежи од дожд и снег кои се очекуваат во текот на ноќта и утре.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.