Бројот на загинати Палестинци во израелските напади од 7 октомври се зголеми на 22.722

Најмалку 122 Палестинци загинаа, а уште 256 се повредени во последните 24 часа откако израелските сили продолжија со тековниот напад во опколениот Појас Газа, соопшти Министерството за здравство во Газа.

„Израелската окупација изврши 12 масакри врз семејства во Појасот Газа, што резултираше со 122 жртви и 256 повредени во текот на изминатите 24 часа“, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Викторија Бекам во брутално секси издание: Додека мамеше машки воздишки со својот сексипил, сопругот и синот ја следеа со будно око (фото)
Викторија Бекам изгледаше прекрасно во елегантен бел фустан без грб додека присуствуваше на забавата за промоција на нејзината нова колекција. 50-годишниот моден дизајнерги здружи силите со Mytheresa за …
Ердоган ги поздрави налозите за апсење на Меѓународниот кривичен суд против Нетанјаху и Галант
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изрази денеска поддршка за налозите на Меѓународниот кривичен суд за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот израелски …

Бројот на палестински загинати од тековните напади на израелската армија врз Газа од 7 октомври се искачи на 22.722, а 58.166 лица се повредени, додаде Министерството.​​​​​​​

Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група на отпор, Хамас, на 7 октомври.

Оттогаш се убиени најмалку 22.722 Палестинци, а 58.166 повредени, според здравствените власти на Газа. Според официјалните бројки, речиси 1.200 лица загинаа во Израел.

Нападот ја остави Газа во урнатини, при што 60 отсто од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена, а речиси 2 милиони жители се раселени поради сериозен недостиг на храна, чиста вода и лекови.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.