Министерката Кочоска за функционерски 78% плати – Ако планираат да ги намалат, јас си заминувам

Министерката за финансии Гордана Кочовска Димитриовска на денешниот брифинг со новинарите беше прашана и дали ќе се намалат функционерските плати кои лани по одлука на Уставниот суд се зголемија за 78%. Сега министер во владата зема 115 илјади денари нето плата и плус додаток за стаж кој е 0,5% за секоја година на работа.

Кочоска не гледа решение во намалувањето на функционерските плати бидејќи вели дека особено министрите работат многу и напорно додека други се одмараат на викенди и празници.

-Не знам што ќе правиме, но ако планираат да ги намалат јас заминувам, децидно кажа министерката за финансии Кочоска.

-Знаете зошто. Еве, 115 илјади денари е плата на министер. Јас приватно работев и повеќе заработував. Не мора да бидам тука, нека дојде друг тука да се справува, додека се тие по одмори, јас и сабота и недела бев на работа. И немав платено прекувремено. Прашајте по институции со дополнително управни одбори колку земаат, прашајте фамилијарно колку земаат и како се врзани и што прават, рече Кочоска.

-Дајте ми една причина, министри со вакви нервози и стресови – зошто треба да останам. А најмногу се критикувани од новинарите и не се лутам за тоа. Проблем се директо(рчиња)рите, оцени Кочоска.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.