Брус Спрингстин го продаде музичкиот каталог за 500 милиони долари

Брус Спрингстин го продаде својот издавачки каталог на Sony за 500 милиони долари, објави Билборд.

Рок-легендата ги продаде своите ремек дела на Sony Music и неговото издаваштво на Sony Music Publishing во комбиниран договор, според извори на Билборд. Претставник на Sony одби да коментира за договорот. Спрингстин остана во Сони Колумбија Рекордс откако ја започна својата кариера и му беше дадена сопственост на неговите претходни албуми. Според RIAA, неговиот каталог со албуми е продаден во 65,5 милиони во САД, што го вклучува неговиот 15 пати платинум Born in the USA и пет пати платинест The River.

Спрингстин е последниот во долгата низа уметници ветерани кои се разделија со своите издавачки права во изминатите неколку години. На таа листа се наоѓаат Боб Дилан, Пол Сајмон, Стиви Никс, Линдзи Бакингем, Мик Флитвуд, Шакира, Џими Ајовин и Дејвид Крозби.

„Времето минува“, им објасни Нил Јанг на фановите по објавувањето на веста за неговиот договор. „Сакам да го покријам моето семејство и мојата уметност… Добриот татко планира како да се грижи за своите деца“.

Многу од овие зделки беа склопени откако пандемијата целосно го прекина бизнисот со музика во живо, што значи дека многу уметници ветерани одеднаш беа исклучени од нивниот главен извор на приход.

„Со оглед на нашата моментална неспособност да работиме во живо“, рече Дејвид Крозби за продажбата на неговите песни, кој истакна дека тоа му овозможило да ја исплати својата куќа, „овој договор е благослов за мене и за моето семејство“.

И додека Спрингстин е во далеку подобра финансиска ситуација од Крозби, тој сè уште има многу стимулации да се раздели со својот каталог. Каматните стапки се на историски најниски стапки, а многу уметници сакаат лично да ги надгледуваат зделките пред задачата да им падне на нивните наследници. Има и поплава од нови компании кои инвестираат огромни пари во каталози на песни, вклучувајќи ги Hipgnosis на Мерк Меркјуријадис и Iconic Artists Group на Ирвинг Азоф.

Нил Јанг продаде само половина од своето издаваштво, а еден од условите беше песните да не можат да се користат во реклами.

„Го изградив Hipgnosis да биде компанија во која Нил би сакал да биде дел“, рече Меркуријадис кога договорот стана јавен. „Имаме заеднички интегритет, етос и страст родени од вербата во музиката и овие важни песни. Никогаш нема да има „Бургер од злато“, но ќе работиме заедно за да се погрижиме сите да ги слушнат според условите на Нил“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.