БРУТАЛНО ПРЕТЕПАНАТА ПЕЈАЧКА ОД БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА ПОВТОРНО ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА – Вознемирувачкото видео на кое сопругот ја тепа Алдина го згрози регионот

Пејачката од Босна и Херцеговина Алдина Бајиќ била брутално претепана од својот сопруг Адис Цигура.
Видеото од насилството излезе на виделина, а стана вирално на социјалните мрежи, поради што, како што истакна нејзината сестра, Алдина повторно завршила во болница.

– Поздрав до сите. Како сестра на Алдина, сакам да ве замолам да престанете да го споделувате видеото, бидејќи Алдина повторно поминува низ психичка тортура. Сакам да ви се заблагодарам за огромната поддршка што ја давате во моментов, но би сакала да ве замолам да престанете да го ширите видеото заради сестра ми – рекла таа и продолжила:

– Алдина не е психички добро, особено откако сè излезе во јавноста. Само што малку се опорави, повторно „падна“, синоќа завршила во болница. Ви благодарам уште еднаш на сите за огромната поддршка како жена на жена, но повторно ве замолувам доколку го имате видеото да не го објавувате бидејќи Алдина како мајка и жена не треба повторно да поминува низ истото.

Да потсетиме, Адис Цигура во моментот е во притвор кој му е одреден во траење од 30 дена.

Инаку, на вознемирувачката снимка што ја објавија наводно се гледа како Алдина седи на каучот во дневната соба, а нејзиниот сопруг клечи до неа. Во еден момент Алдина му го дава телефонот на Адис, а тој почнува силно да ја удира со тупаници по главата, соборувајќи ја на подот, а потоа почнува да ја клоца во главата. Потоа ја фаќа за коса и ја влече по подот.

Пронајдете не на следниве мрежи: