Бугарија: Маж влета во детска градинка, го грабна своето 5-годишно дете и побегна

Бугарската полиција успеа да го пронајде и уапси мажот кој ја скршил влезната врата од детска градинка во Карџали и насилно го одзел своето 5-годишно дете од објектот, соопшти Регионалната дирекција на Министерството за внатрешни работи во Карџали.

Инцидентот била пријавен утрово околу 09:00 и според првичните податоци, мажот ја скршил врата од градинката, им се заканувал на вработените, го зел своето 5-годишно дете и со автомобил „Хјундаи“ заминал во непознат правец. Веднаш е активиран целокупниот состав на Подрачната полициска управа во Крџали, а податоците за автомобилот во бегство се предаден на соседните регионални дирекции на Министерството за внатрешни работи на Бугарија.

Полицијата во Пловдив го пронашла и го запрела автомобилот на автопатот Тракија. Потоа таткото, детето и бабата по татко однесени во Подрачната служба во Раковски. Во тек се заеднички акции за приведување на мажот и негова придружба до Карџали.

Поведена е предистражна постапка по одредби од Кривичниот законик за хулиганство и се водат процесни и истражни дејствија под надзор на Окружното обвинителство.

Од полицијата за БТА коментираат дека мотивите за делото допрва ќе се расчистуваат откако мажот ќе биде спроведен во Карџали. Во тековната година немало друг сличен случај на територијата на Крџалиско.

Пронајдете не на следниве мрежи: