Бугарски медиуми: Христовски последен пат бил во Бугарија во 2018 година – Како тогаш добил TOEFL во 2022?

Директорот на АНБ тврди дека добил TOFEL сертификат за познавање на англиски јазик во 2022 година од Пловдив, Бугарија, приказна за која веќе одреден период активно пишуваме и зборуваме поради сомнежите за фалсификат сертификат издаден на Бојан Христовски.

Денес бугарскиот „Буревесник“ објави текст за Бојан Христовски каде зборува за две можности, дека сертификатот како фалсификат го набавил самиот Бојан Христовски, или дека евентуално бугарските служби му помогнале да го набави сертификатот.

– Како тоа новиот шеф на контраразузнавање на РСМ го исполнил условот да го совлада јазикот за да биде поставен на функцијата? Можно е на испит да доставил документ со невистинита содржина од „Јулија КО“, но сигурно 100% знаел дека е лажен, бидејќи не полагал во дотичната фирма. Или тие што го назначиле прават уште едно грубо прекршување со тоа што му го признаваат сертификатот за положен курс како потврда за положен испит. Наспроти ова, прашањето за периодот на важност на сертификатите TOEFL iBt, исто така, се поставува само по себе. Потсетуваме дека за „положен испит“ онлајн е една година, што значи дека Христовски и да има поднесено документ за положен испит и за познавање јазик (во што, секако, се сомневаме со оглед на угледот на компанијата „Јулија КО“), овој документ од септември 2024 година е неважечки. А за да се спасат од скандалот ја испеаја старата песна дека Бугарија е виновна и дека има интервенција од бугарските служби.

Рефренот е стар и болно познат. За се сме виновни ние Бугарите. Но, за да бидеме целосно коректни, треба да ја земеме предвид втората референтна точка на соседите – онаа на бугарските служби, која заслужува сериозно внимание. Меѓутоа, гледајќи го од сите страни (бидејќи и ние сме читале шпионски книги и гледале шпионски филмови), следува логичен заклучок дека единствена можност за интервенција на бугарските служби во издавањето документ за познавање јазик на врвен контраразузнавач на странска земја е ако со овој документ е наменет да го поддржи развојот на кариерата на ова лице. Мислам, го врбувавме. Сепак, според нашите информации, Христовски последен пат бил во Бугарија во 2018 година, пишува бугарски „Буревесник“.

Доколку овие податоци на бугарскиот медиум се вистинити, што секако македонските надлежни органи можат да го проверат, тогаш ова само ја потврдува можноста директорот на АНБ да земал фалсификат сертификат за познавање на англиски јазик.

Детали за случајот во продолжение:

Пронајдете не на следниве мрежи: