Активностите на бугарската Влада во однос на интеграцијата на Западниот Балкан за бугарскиот претседател Румен Радев, одат пребрзо и на штета на неговата земја. Со векови наталожуваните проблеми тешко можат да се решат за шест месеци, изјави претседателот на Бугарија за радио “Дарик“.
Според него брзината со која бугарската Влада го потпиша договорот за добрососедство со Македонија без да се зборува и со Грција и без внатрешен консензус, практично бил за слава.
Како претседател на Бугарија тој не се согласува со името „Северна Македонија” објасни Радев и посочи дека ако Бугарија имаше посериозна позиција, сега бугарскиот премиер ќе беше номиниран за Нобеловата награда за мир заедно со Зоран Заев и Алексис Ципрас.