Народното собрание во Бугарија ја започна седницата на којашто ќе се гласа оставката на Владата на бугарскиот премиер Бојко Борисов, со дебата, но во отсуство на премиерот, јавува БГНЕС.Во пленарната сала присуствуваат дел од министрите на владата на Борисов, но не и министерот за финансии Симеон Џанков, кој прв си поднесе оставка по протестите поради високите сметки за струја и странските монополи.Премиерот Бојко Борисов во средата во парламентот најави дека ќе си поднесе оставка.”Ниту сакам да гледам крв по улиците, ниту сакам да ги гледам полицајците на Бугарија да се борат со кого и да било. Тоа што фрлаат камења по нив и ги провоцираат, не е важно.. Од денеска натака немам што повеќе да направам за да им помогнам на демонстрантите. Не можам Орлов мост да го гледам крвав. Секоја капка крв за нас е дамка. Јас не можам да гледам парламент ограден со ограда. Власта ние ја даде народот, денес му ја враќаме “, порача Борисов.Според опозициската Бугарска социјалистичка партија државата има потреба од итни избори во рамките на законските рокови – предвремени избори, за да има легитимна власт, која да изразува очекувањата на бугарските граѓани, бидејќи овој парламент е исцрпен. ДПС велат дека се можни избори уште на 28 април.Од партијата на Борисов, Граѓани за европски развој на Бугарија рекоа дека ја поддржуваат оставката на владата и дека нема да учествуваат во составувањето на новата Влада до изборите.Протестите во Бугарија првично започнаа против високите сметки за струја, но потоа се претворија во протести против централно-десничарската влада.Владината оставка е на само неколку месеци пред редовните парламентарни избори, кои треба да се одржат во јули.
МакфаксНародното собрание во Бугарија ја започна седницата на којашто ќе се гласа оставката на Владата на бугарскиот премиер