БУТЕЛ СЕ ЗАДОЛЖУВА РЕКОРДНИ 2.6 МИЛИОНИ ЕВРА | КАМАТАТА ЌЕ БИДЕ НЕВЕРОЈАТНИ 800.000 ЕВРА

На 13.07.2023 година Советот на Општина Бутел ја одржа 27 седница, каде што советниците од ДПМНЕ ја изгласаа одлуката за издавање на долгорочни должнички хартии од вредност – општински обврзници од прва емисија. Со оваа одлука Општина Бутел го уредува издавањето на првата емисија на општински обврзници во износ од 2 600 000 евра во денарска противредност.

БУТЕЛ СЕ ЗАДОЛЖУВА РЕКОРДНИ 2.6 МИЛИОНИ ЕВРА | КАМАТАТА ЌЕ БИДЕ НЕВЕРОЈАТНИ 800.000 ЕВРА

За разлика од претходните два обида за задолжување кој што доколку се случеа ќе преставуваа 55% од проектираниот буџет на општината за 2023 година, третиот обид за задолжување преставува фантастични 70% од буџетот за 2023 година. Задолжувањето од 2 600 000 евра ќе донесе исплата на дополнителни 850 000 евра на основ на камата.

Во изминатиот период сведоци сме дека наративот за задолжување раководството на дпмне го префрла на локално ниво. Покрај Општина Бутел која ќе се задолжи за 2 600 000 евра, почната процедура или веќе задолжени општини се Аеродром со 5 400 000 евра, Гази Баба со 5 000 000 евра, Прилеп со 5 000 000 евра, Штип со 4 000 000 евра.

Погодувате сигурно секаде има градоначалник од редовите на дпмне.

Потсетуваме дека во предизборна програма за градоначалник и советници со кој се бараше и се доби довербата кај народот, никаде не се спомнуваше дека проектите ќе бидат финансирани со пари од кредит, обврзница и слично.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.