Бројките на заразени и починати сега и бројките од 22 април се исти, само што тогаш имаше полициски час до 16 часот и сите седевме дома, а сега сите мерки се олабавени, тврди во изјавата микробиологот Никола Пановски. Во однос на делот, дека во последниот период во скопските општини Чаир, Сарај, Гази Баба и Бутел има најмногу заболени, Пановски вели дека тогаш тие општини треба да се стават во карантин.
Ако не цела држава, тогаш тие општини каде има најмногу заразени треба да бидат во карантин – додаде доктор Пановски