МВР апелира да се почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници
В недела, 12 мај, од 8:30 до 10:30 часот изутрина во Скопје ќе важи посебен режим на сообраќај поради одржување на улична трка, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Мерки за посебен режим на сообраќај ќе бидат преземени по сообраќајниците по кои ќе се движат натпреварувачите, а кои имаат стартна позиција на булевар ‘Илинден’ кај Фонтана, ќе се движат по булевар ‘Илинден’ до крстосницата со улица ‘Никола Парапунов’, потоа до крстосницата со булевар ‘Партизански одреди’, десно (кон населба Ѓорче Петров) до мостот Влајко, каде што вртат полукружно и назад по истиот коловоз до крстосницата со улица ‘Љубљанска’, каде вртат полукружно и по истиот коловоз се враќаат назад на улица ‘Никола Парапунов’ и по булеварот ‘Илинден’ до целта на локација Фонтана на булеварот ‘Илинден’“,
информираат од МВР.
Оттаму апелираат граѓаните да ги почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници.