Американската актерка Кетлин Тарнер (70) изгледаше непрепознатливо за време на реткото појавување во јавноста во центарот на Менхетен во вторникот.Била видена како се мачи да оди со бастун, но и покрај намалената подвижност, се чини дека нејзиниот позитивен став не ја напуштил.Овој пат таа носеше долг сив џемпер, црни панталони и црни патики, но физички изгледаше малку полошо.Да потсетиме дека Кетлин Тарнер важеше за една од најубавите актерки во Холивуд, но по тешка дијагноза, нејзиниот живот драстично се промени. Со убавото лице и русокосите локни ги бришеше филмските екрани од нозе, а воедно се справуваше и со здравствени проблеми за кои јавноста малку знаеше и на крајот беше осудена поради тоа.Проблеми со алкохолот Во раните 90-ти, нејзината кариера беше исфрлена од шините откако и беше дијагностициран ревматоиден артритис и лекарите ѝ кажаа дека никогаш повеќе нема да може да оди. Лековите кои морала да ги пие го направиле својот данок и нејзиниот изглед почнал драстично да се менува. Денеска признава дека во тоа време и било апсолутно неважно како изгледа и не се замарала за тоа.Дури и тогаш луѓето биле сурови, ја обвинувале дека се оддава на алкохол , што тогаш не било точно, но подоцна под голем притисок се препуштила на тој порок за да ја ублажи болката. Во својата автобиографија, која ја објавила во 2008 година, таа признала дека почнала да пие бидејќи дрогата и го заматила умот и дека со текот на времето сè излегло од контрола, а во 2002 година почнала да се откажува. Денес, Кетлин се залага за борба против болеста со која се бори со години, исто како што јавно зборува за стандардот на убавината во Холивуд.
Пронајдете не на следниве мрежи: