Важна информација за оние кои тргаат на пат

Од денес променет сообраќен режим ќе има на патните правци Струга-Дебар и Охрид-Свети Наум. Поради изведување градежни активности за подобрување на црната точка кај населеното место Враништа од денеска се воведува седумдневен променет режим на сообраќај на регионалниот пат Р1201, делница Струга – Дебар, инфомрира АМСМ.
Оттаму посочуваат дека од „Виадукт Трејд” – Гостивар добиле известување дека од денеска ќе се започне и со изведување градежни активности за подобрување на црна точка на дел од регионалниот пат Р1301, делница Охрид – Свети Наум, во времетраење од сеедум дена, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.