Охридска банка во земјава информира дека преку фалсификување на идентитетот на банката непознати лица испраќаат лажни маил пораки.
-Во текот на денешниот ден се забележани „phishing“ напади од страна на непознато лице кое фалсификувајќи го идентитетот на Охридска банка АД Скопје и користејќи го логото, се обидува да извлече податоци преку праќање на меил пораки, соопштуваат од банката.
Појаснуваат дека одредени физички и правни лица, клиенти меѓутоа и лица кои не се клиенти на Банката, добиваат пораки од мејлот [email protected] со предмет: Известување за девизен прилив од кои се бара итна потврда за наводно пристигнат девизен прилив.
Охридска Банка АД Скопје се оградува од овие пораки и апелира до сите оние кои ќе добијат електронска порака да не го отвораат прилогот на пораките пристигнати од меил адресата [email protected] за да се заштитат од злоупотреба на податоците. Доколку во меѓувреме прилогот на меилот е отворен, треба да се побара помош од ИТ професионалец.
-Сите нотификации испратени од Охридска Банка АД Скопје преку електронска пошта се потпишани со дигитален сертификат.
Во меѓувреме, Банката ги презема сите потребни легални активности за справување со овој напад на информациите, наведуваат од Банката.