Дали сте размислувале колку е здраво тоа што наутро прво ќе го изедете? Еве што, според мислењето на експертите не би требало да се консумира на празен желудник.
Храната која соджи квасец може да го изиритира желудникот и да предизвика надуеност па доколку јадете печиво за доручек тогаш истото треба да го искомбинирате со некои други намирници.
Надуеност и болка во желудникот исто така предизвикува и зеленото овошје, а би било добро и доколку избегнувате слатки работи.
Намирниците кои се полни со шеќери го подигнуваат нивото на инсулин, го оптеретуваат панкреасот, што сето тоа го зголемува ризикот од дијабетес и создава чувство на недостаток на енергија во текот на денот.
Исто така немојте да го започнувате вашиот ден со банана затоа што наглото зголемување на магнезиумот во крвта не му годи на вашето срце и на неговата нормална работа.
Наутро експертите исто така не препорачуваат да консумирате цитрусно овошје, без оглед на тоа што е богато со многу витамини затоа што истото тоа го зголемува ризикот од настанување на чир.