Доколку внимавате на секојдневниот внес на калории и јаглехидрати, тогаш веројатно сте запознаени со броењето на количеството јаглехидрати кое го внесувате со секој оброк.
Некаде можеби сте прочитале и дека хранливите влакна го скратуваат количеството јаглехидрати кое го содржи храната. Тоа и не е толку точна информација, бидејќи доколку изедете едно чоколадо, не значи дека ќе ги скратите шеќерите кои сте ги внеле доколку потоа изедете и една чинија овес или друга храна богата со хранливи влакна.
Всушност, количеството на хранливи влакна е пресметано во вкупното количество на јаглехидрати во храната, па на тој начин, калкулацијата покажува дека вие внесувате помалку јаглехидрати од количеството напишано на таблицата на хранливи вредности на секоја храна.
Во продолжение, ова значи дека доколку броите колкав е внесот на јаглехидрати кои влијаат на нивото на шеќерот во крвта, можете да го одземете количеството на хранливи влакна од вкупното количество јаглехидрати и така да да добиете резултат кој ќе ви ја покаже точната количина на јаглехидрати.
Јаглехидрати и Хранливи влакна во храната
Кога гледате во табелата на нутритивни вредности, на почетокот ја гледате предложената грамажа на продуктот, а подолу и количеството јаглехидрати во таа предложена грамажа (најчесто 100 г. од еден производ). Подолу ќе го забележите и количеството на хранливи влакна, исто така пресметано во грами. Со други зборови, оваа вредност е ставена два пати во табелата. Затоа треба да имате предвид дека таа вредност ја читате два пати, но треба да ја броите само еднаш доколку калкулирате внес на јаглехидрати.
Како ова влијае на вашиот организам
Иако скробот, шеќерите и хранливите влакна се дел од вкупното количество јаглени хидрати, организмот ги апсорбира на различен начин сите од претходно наведените. Шеќерите и скробот го покачуваат нивото на шеќер во крвта и можат да бидат скалдирани како масти во телото, наспорти хранливите влакна, кои не се апсорбираат туку остануваат во гастротестиналниот тракт се до нивното ослободување и помагаат при работата на цревата.
Од таа причина, се препорачува да се исхрануваме со храна која е богата со хранливи влакна. Доколку внимавате со консумација на јаглехидрати, тогаш треба да одберете храна чии вредности ќе бидат избалансирани.
Бенефити од исхранување со храна богата со хрналиви влакна
Храната која содржи високо количество на хранливи влакна има повеќе бенефити и тоа:
– Го одржува здравјето на цревната флора, ја намалува можноста за констипација и појава на хемороиди.
– Го намалува нивото на холестерол во крвта.
– Помага при одржување на нивото на шеќерот во крвта и го намалува ризикот за појава на дијабет.
– Помага при слабеење со тоа што храната боgата со влакна го заситува организмот многу повеќе од онаа која не е богата со хранливи влакна. Ваквата храна одзема повеќе време за да ја изедете, но одзема многу помалку енергија на организмот за дигестија на истата отколку другите храни.
– Го намалува ризикот од појава на карцином на дебелото црево.