Вака изгледала Севе пред 30 години

На крајот на осумдесеттите години на минатиот век, на естрадната сцена во тогашна Југославија се појавила и Северина.
Од самиот почеток, нејзините чекори биле многу успешни.
На почетокот на 1990 година победила на радискиот натпревар „DemoX“ на радиот Загреб и освоила снимање на „LP“.
Во јули 1990 година настапува на Сплитскиот вестивал со песната „Води ме на плес“, а на крајот на годината и на Загребфест со песната „Склопи очи музика док свира“, каде освоила прва награда.

Истата година станува и водителка во емисијата „Top cup“ на ХРТ, која ја води една година, а на крајот на годината заминува на првата турнеја низ Австралија.
Погледнете како Северина изгледала пред речиси 30 години.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.