Турата од грчки и српски државјани со посебна дозвола за влез во земјата, пред два дена тргнала за Грција.
Границите за српските туристи се отвораат дури на 15-ти јуни, но автобускиот превозник „Patrikalos“, вози патници за Грција меѓу кои воглавно грчки државјани кои што биле во Србија во текот на карантинот, но и српски државјани кои што имаат потребна дозвола за влез во земјата.
Со оглед на тоа што една тура веќе тргнала кон Грција, следната ќе биде реализирана дури во понеделник кога границите официјално ќе бидат отворени, а автобускиот превозник има издадено превентивни мерки со цел заштита од коронавирусот.
Имено, „Patrikalos“ на сите патници им обезбедува опрема – маска, капа, заштитно одело, такви какви што можат да се забележат на фотографијата.
Автобусот исто така задолжително се дезинфицира, како и целата опрема, а во текот на паузите од возењето повторно се спроведува дезинфицирање.