Ванковска ги собра потписите за претседателската кандидатура






Партијата Левица во објава на Фејсбук соопшти дека професорката Билјана Ванковска ги собрала потребните 10.000 потписи од граѓаните за нејзината кандидатура за претседател на државата.

-Левица има претседателски кандидат!, Проф. Билјана Ванковска ќе биде Претседателка на Република Македонија! Ви благодариме за поддршката од над 10 000 потписи, за оваа наша заедничка борба, стои во објавата.

Претходно вечерва и кандидатот и претседател на ГРОМ, соопшти дека ги собрал потребните 10.000 потписи за кандидатурата за шеф на државата.

Потписи за кандидатурите собраа и  Бујар Османи кандидат на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Арбен Таравари кандидатот на албанската опозиција „Вреди“ и Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ-За наша Македонија.

И кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова и на СДСМ Стево Пендаровски, ќе собираат потписи за нивните номинации кои викендов треба да бидат официјализирани од партиите.

– Реклама –








Пронајдете не на следниве мрежи: