Проблемот со испукани усни се јавува кога усните се суви подолго време како резултат на временските околности (кога надвор е студено и суво) или кога сте дехидрирани. За разлика од останатиот дел од кожата, усните немаат лојни жлезди и не можат да произведат никакви природни масла што би го спречиле нивното сушење. Тоа значи дека усните брзо ќе се исушат доколку не им пружите соодветна нега.
Ве мачат испуканите усни? Овие домашни лекови ќе ви помогнат да ги излечите!
Доколку вашиот омилен балсам за усни не може да го реши овој проблем треба да ги испробате овие пет едноставни лекови.
1. Вазелин
Вазелинот е клучна состојка во многу балсами за усни бидејќи ѝ помага на кожата да изгради заштитна бариера што ќе ја задржува влагата. На тој начин го спречува сушењето на усните. Сепак, вазелинот само ќе ги заштити усните од губење на влагата и нема да ја обезбеди самата влага. Затоа, најдобар начин за користење вазелин е првин да нанесете еден слој балсам за усни, а потоа да го заштитете тој слој со вазелин. Многу се ретки случаите на алергиска реакција на вазелин. Сепак, доколку почувствувате оток или печење на усните за време на употребата треба веднаш да престанете да го користите.
Ве мачат испуканите усни? Овие домашни лекови ќе ви помогнат да ги излечите!
2. Алое вера
Алое вера е растение кое произведува хидратантен гел и помага да се одржи хидратацијата на усните. Ова растение содржи молекули наречени полисахариди кои се особено корисни за испуканите усни бидејќи ја стимулираат кожата да создава нови клетки и помага при зараснување на раните. Можете самите да одгледувате алое вера и да добивате гел од неговите лисја или да го купите како готов производ во најблиската продавница за козметика.
Ве мачат испуканите усни? Овие домашни лекови ќе ви помогнат да ги излечите!
3. Мед
Медот е одличен лек за испукани усни бидејќи може да помогне во ублажување на раните предизвикани од испукани усни. Покрај тоа, медот има антибактериски својства кои го спречуваат развојот на инфекција и чиреви на кожата. Тој делува како пилинг и е моќно средство за отстранување на сувата, мртва кожа од усните. Доволно е да нанесете тенок слој мед со чист прст или памук и да оставете да отстои 20 до 30 минути, а потоа да го избришете. За најдобар резултат, препорачливо е да направите пилинг на усните со мед пред спиење и да го оставите да делува преку ноќ.
Ве мачат испуканите усни? Овие домашни лекови ќе ви помогнат да ги излечите!
4. Кокосово масло
Кокосовото масло е идеално средство за задржување на влагата на усните. Ова масло има и антиинфламаторни својства, што значи дека може да помогне при ублажување на болката од испуканите усни. Антибактериските својства помагаат да не се задржуваат бактерии на усните и штитат од инфекција од отворени рани. Можете да го користите во комбинација со малку шеќер како нежен пилинг што ќе ви помогне да се ослободите од мртвите клетки на кожата на усните.
Ве мачат испуканите усни? Овие домашни лекови ќе ви помогнат да ги излечите!
5. Шеќерен пилинг
Мртвите клетки ги спречуваат усните да ја добијат потребната влажност. Нив можете да ги отстраните и преку нежна ексфолијација на кожата преку шеќерен пилинг. Процесот е сосема едноставен. Во сад ставете една лажица шеќер и една лажица кокосово масло или мед. Промешајте ги состојките и со чист прст нанесете од пилингот на усните. Нежно тријте ги усните со кружни движења околу една минута, а потоа избришете го пилингот. На крајот, нанесете вазелин или кокосово масло. Важно е да се нанесе хидратантен слој по пилингот од шеќер.
Ве мачат испуканите усни? Овие домашни лекови ќе ви помогнат да ги излечите!
Како да ја спречите појавата на испукани усни?
Усните пукаат кога ќе се исушат, па затоа е потребна постојана хидратација. Избегнувајте и да ги лижете усните кога се суви бидејќи плунката може да предизвика усните да се исушат уште побрзо. Наместо тоа, користете хидратантен крем или некој од горенаведените домашни лекови. Доколку живеете во средина со пониски и посуви температури, најдобро е да ги користите поредовно овие третмани.
Откако прочитавте како да се справите со испуканите усни, можеби ќе сакате да прочитате и што ќе се случи со вашите усни ако користите балсам за усни премногу често.