Златан Ибрахимовиќ е познат како човек кој самоуверено чекори низ животот и е сигурен дека е најдобар во тоа што го прави. Иако некои ќе кажат дека е премногу егоцентричен, фудбалерот веројатно ќе се согласи со тоа, бидејќи, вели, дека многу работи на себе и знае дека е најдобар.
Ова се неговите 10 заповеди за успешен живот:
- Насмевнете се!
„Насмевнете се затоа што вашата насмевка ги прави другите среќни додека вие самите изгледате среќни. Но, таа насмевка мора да биде вистинската насмевка“.
- Уживајте во животот!
„Уживајте во животот, бидејќи животот може да биде краток, може да биде долг, но бидете сигурни дека секогаш уживате во него, бидејќи е убаво да се живее“.
- Не бидете премногу сериозни.
„Не биди премногу сериозен, бидејќи ако секогаш си сериозен, луѓето можат да размислуваат поинаку за тебе. Затоа, шегувај се, смеј се, давај им на луѓето позитивна енергија…”
- Вежбајте!
„Вежбајте, вежбајте, вежбајте… Затоа што без вежбање не можете да станете она што го сакате – што и да посакате. Затоа вежбајте, како мене… Практиката ве прави совршен!“.
- Работите напорно.
„Работете напорно, бидејќи кога работите – животот ќе ви врати сè. Што и да сакате да бидете, работете напорно. Затоа што не треба да биде лесно, не ми се допаѓа лесен начин, ми се допаѓа потешкиот начин кон остварување на целта.”
- Најдете го тој вашиот најдобар изглед!
„Имам свој изглед кој го применувам, погрижете се и вие да го добиете. Потоа, кога ќе ви треба, можете со него да исплашите кого сакате“.
- Бидете брилијантни.
„Бидете брилијантни. Правете сè што правите без промашување. Не задоволувајте се со просечност, бидејќи секогаш можете да бидете одлични“.
- Заштитете го вашето семејство.
„Грижете се за вашето семејство, бидејќи што и да се случи, вашето семејство ќе биде таму. Затоа, грижете се за вашето семејство, дајте им го она што им треба. Што и да каже некој друг не е важно, но она што го кажува вашето семејство е многу важно“.
- Имајте почит и заслужете почит.
„Почитувај и имај почит. Така ме научи животот. Кога го запознав Фабио Капело, тој ми кажа ‘Не бараш почит. Добиваш почит’. Затоа погрижете се да ја добиете“.
- Бидете самоуверени!
„Бидете самоуверени. Што и да правите, треба да верувате во себе и да верувате во она што го правите, инаку се ќе биде многу тешко“.
Пронајдете не на следниве мрежи: