Венецуела ги прекина контактите со САД поради изјавите на функционерка на американскиот Стејт департмент за претседателките избори во Венецуела следниот месец, објави венецуелскиот министер за надворешни работи Елиас Хауа.Венцуела минатата година воспотави контакт со Роберта Џејкобсон, дипломатка од американскиот Стејт департмант за Латинска Америка за да ги поправи билатералните односи по годините меѓусебни тензии.Меѓутоа, венецуелскиот министер за надворешни работи Елиас Хауа изјави дека тие контакти сега се замрзнати поради неодамнешните Џејкобсон за претседателските избори за наследник на починатиот Уго Чавез кои ќе се одржат на 14-ти април.Роберта Џејкобсон минатата седмица за шпанскиот весник El Pais рече дека Венецуелците заслужуваат слободни и чесни избори, додавајќи дека тоа вклучува „слободен печат, што веќе со години не сме го виделе“.„Сега видовме дека со неа нема смисла да се продолжиме да го губиме нашето време, Секој досега воспоставен контакт е замрзнат“, изјавил Хауа, додавајќи дека рутинските дипломатски односи, како конзуларните, ќе подолжат.На денот на смртта на Уго Чавез, Венецуела протера двајца американски дипломати воени аташеа во амбасадата на САД во Каракас, обвинувајќи дека контактирале со венецуелски офицери подготвувајќи заговор со кој би требало да ја дестабилизираат Венецуела по смртта на Чавез. Вашингтон веднаш возврати со иста мерка.Во испитувањето на јавното мислење пред изборите, именуваниот од Чавез негов наследни заменик-потпретседателот а сега вршител на должноста претседател Николас Мадуро има водство од околу десет проценти пред противкандидатот на десната обединетата коалиција Енрике Каприљес.
MaкфаксВенецуела ги прекина контактите со САД поради изјавите на функционерка на американскиот Стејт департмент за прет