Вереничкиот прстен на Наполеон продаден за 896 илјади евра

Вереничкиот прстен на францускиот император Наполеон Бонапарта со неговата прва сопруга Жозефин де Беоарне е продаден на наддавање во Франција за 896 илјади евра, откако претходно беше проценет на далеку помала сума меѓу осум и 12 илјади евра, јавува AFP.Прстенот е со пречник од 18 милиметри, украсен со дијамант и сафир, и двата во крушковиден облик.„Наполеон во тоа време немал многу пари, затоа прстенот е толку едноставен“, појаснува Жан-Кристоф Шантењер од аукциската куќа Osenat.Прстенот бил дел од збирката на Виктор Наполеон, правникот на славниот француски цар, кој наследил повеќе негови лични предмети.Наполеон во 1796 година се оженил со влијателната вдовица Жозефин де Беоарне, еден месец откако се верил. Таа му помогнала да го задржи командувањето со францускиот поход на Италија, што било почетокот на неговото молскавично напредување.
МакфаксВереничкиот прстен на францускиот император Наполеон Бонапарта со неговата прва сопруга Жозефин де Беоарне е продаден

Пронајдете не на следниве мрежи: