Еден од најголемите евергрини на Светлана Цеца Ражнатовиќ, песната „Idi dok si mlad“ требаше да ја сними Весна Змијанац, која сега ја откри вистината.Имено, со години кружи сагата за песната која Цеца ја сними на 22 години, а која ја однесе до ѕвезденото небо и до самиот врв.Весна, која гостуваше во емисијата Ами Џи Шоу изјави дека нејзиниот емотивен партнер тогаш бил многу љубоморен, бидејќи во песната се споменува помлад маж.-Песната на Цеца „Idi dok si mlad“ беше напишана за мене, но јас одбив да ја отпеам поради тогашното мое момче кое се сомневаше дека го изневерувам со помлад маж поради зборовите на таа песна. Дали е тоа вистина? – праша Огњен.Весна без двоумење призна дека е вистина дека одбила да ја сними песната поради нејзиното момче, односно дека тој и’ забранил.– Точно е, да. Цеца тогаш беше само дете, а на некого му пееше, оди додека си млад… Мене ми забранија да ја снимам, бидејќи според песната се однесуваше на некој што е млад, а овој господин не беше навистина млада и така – откри Весна .Инаку, Цеца еднаш откри како песната ѝ дошла во раце.– Весна Змијанац требаше да ја сними песната „Idi dok si mlad“. Сепак, не и’ се допадна текстот, но и’ се допадна мелодијата. Токму во тоа време со сестра ми Лидија отидовме да слушаме нови песни кај Марина Туцаковиќ. Весна тогаш не ја отпеа таа песна, а јас веднаш ја прифатив на првото слушање. Само реков: „Тоа е тоа“ – изјави еднаш Цеца Ражнатовиќ за тамошните медиуми.
Пронајдете не на следниве мрежи: